Кошаркарите утре против Академија ФМП

Кошаркарите на Куманово утре го пречекуваат составот на Академија ФМП во 9-то коло од домашниот шампионат. Двата тима делат ист број на бодови, односно од досегашните осум натпревари имаат само две победи и се во второт дел од табелата. Во меѓувреме Куманово го напуштија Јан Ризман и Колин Смит, но се очекува празнината да се обиде да ја пополни Дарил Стротер кој дресот на Чаир ќе го замени со кумановскиот. Дали ќе настапи на утрешниот меч не е познато. Средбата започнува во 19 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Коментари

коментар(и)