Кумановец нападнал испитувач во сообраќајниот испитен центар

Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода Ј.Б.(20) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12.00 часот физички нападнал 60- годишен кумановец, додека бил на работното место како испитувач во сообраќајниот испитен центар во Куманово, соопштија надлежните.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)