Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 43-годишен жител на село Лопате. Тој се сомничи дека на 13 август годинава во казино на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово се обидел да размени фалсификувана банкнота од 100 евра. Исто така, по преземени мерки било утврдено дека истиот човек пред десет дена во истото казино пуштил во оптег три фалсификувани банкноти од 100 евра. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
