Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за корупција, до Основното јавно обивнителство Куманово, поднесе кривична пријава против 48-годишен кумановец поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“ казниво по член 378 од Кривичниот Законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од МВР; пријавениот, сопственик и управител на друштво за трговија и туризам од Куманово, во текот на јуни 2024 направил лажна исправа – Извод од лиценца за вршење меѓународен превоз на патници за сопствени потреби во која внел невистинити податоци.
– Лиценцата за меѓународен превоз му истекла на 24.06.2024 год. и за да не ја пропушти предвидената тура на релација Скопје – Кушадаси на компјутер ја променил годината на важност на изводот од лиценцата од 2024 во 2025 година и ја ставил во документацијата на автобусот, информираат надлежните.
На 26 јули годинава на граничниот премин Деве Баир, како што додава МВР, возачот ја приложил лиценцата на увид и притоа полициските службеници констатирале дека е фалсификувана.
