Триесет и петгодишна кумановка, вчера пријавила во полицијата дека била физички нападната од 22 годишна кумановка, во Центарот за социјални работи.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во Центарот за социјални работи настанала физичка пресметка помеѓу Ј.И., М.И.(39 години) и В.И.(18 години), од една страна и Л.А.(22 години) и К.А.(51 години), од друга страна, сите од Куманово.
На лицата им бил изготвен извештај за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир-информира полицијата.
