Литературна работилница за деца – ,,Како се пишува приказна”

На 18 јули во 17:00 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се одржи Литературна работилница за најмалите – ,,Како се пишува приказна”.

Работилницата ќе ја води Јулијана Величковска, писател, уредник и преведувач. Автор е на монографијата „XX години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, ПНВ); стихозбирките „Комарци“ (2010, ПНВ) и „Отворена книга“ (2017, ПНВ Публикации); романот „Годишни времиња“ (2014; 2015; 2017, ПНВ Публикации) и на повеќе од дваесет книжевни преводи од англиски, руски, хрватски и црногорски јазик.

Коментари

коментар(и)