Лицата кои оданочуваат земјоделско земјиште да достават и изјава, за која намена ќе се користи земјиштето

Секторот за даноци и такси при Општина Куманово, ги известува сите даночни обврзници согласно законските измени на Законот за даноци на имот, кои отпочнаа да се применуваат од 1-ви јануари, при поднесување на даночна пријава, во која како предмет на оданочување е земјоделско земјиште, покрај останатите списи, кои се поднесуваат во прилог на даночната пријава, потребно е да се достави и изјава заверена од нотар, со која даночниот обврзник изјавува за која намена ќе го користи земјоделското земјиште, односно дали земјоделското земјиште ќе се користи за земјоделско производство или не.

За сите подетални информации лицата можат да се обратат во Секторот за даноци и такси при Општина Куманово.