Дваесет и едногодишен жител на липковското село Никуштак бил приведен вчера откако полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово регистрирале дека вози со 108 километри на час во населено место каде што дозволената брзина на движење е 40 километри на час, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, велат од МВР.
