МВР: Приведен државјанин на Германија на ГП Табановце

МВР соопшти дека на 29.10.2024 во 13.45 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.О.(48) од Германија, поради тоа што при проверка на патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, кое го управувал, а кое било сопственост на О.О. од Турција, констатирано било дека патничкото возило било барано од Интерпол.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)