МВР во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 335 возачи.
Од нив, 20 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 178 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 157 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.
