Со радарска контрола сообраќајната полиција вчера на улиците и патиштата низ Македонија регистрира 481 возило кое се движело побрзо од дозволената брзина, а од нив 53 се регистрирани на територијата на Скопје. Притоа е утврдено дека 43 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Полицијата напиша 247 казни за брзо возење во населени места, а 234 на отворен пат, соопшти МВР.
МВР санкционираше околу петстотини возачи во државата
