МВР: Тепачка во кумановскиот затвор

Викендов, во кумановскиот затвор дошло до физичка пресметка меѓу двајца затвореници. Како што информираат од МВР, на 19 декември во 01.20 во Казнено-поправната установа затвор К’шање, било пријавено дека настанала физичка пресметка помеѓу две лица од Скопје, кои издржувале затворски казни.

По извршениот увид на полициски службеници, било утврдено дека 24-годишно момче физички нападнало две години помлад сограѓанин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.