Мирен протест одржаа жителите од улицата „Фетка Наскова“. Тие реагираат затоа што е започната градба на градежна парцела спроти локалитет „Табакана”, па нивната улица се користи како сообраќајно решение за градежните машини и возила.
Укажуваат дека на мала, тесна улица, испаркирани возила, деца кои играат на самата улица поминуваат огромни и тешки машини и возила кои ја нарушуваат безбедноста на граѓаните, на нивниот имот и на инфраструктурата на улицата.
Бараат да се одговори на нивните забелешки, да одржат средба со општинската администрација, и увид во документацијата, одобренијата од Општината и СВР Куманово и постоечкиот ДУП. Во спротивно најавуваат дополнителни реакции.
На средбата присуствуваше советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, која вети дека забелешките ќе бидат пренесени до стручните служби во општината.
Раководството на месната заедница барањата писмено ќе ги достави до општината.