Млад кумановец загина во сообраќајна несреќа во Длабочица

Дваесет и едногодишен кумановец со мотоцикл излетал од патот и починал, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово.

-Вчера во 17.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Длабочица се случила сообраќајна незгода во која моторцикл управуван од А.Д. (21) од Куманово излетал од патот. Во незгодата на лице место починал А.Д., информираше полицијата.

Екипа на СВР Куманово извршила увид.