Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2021/2022 година.
Право на сместување имаат ученици кои се запишани како редовни ученици во средното образование; се државјани на Македонија; и се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината, односно градот Скопје каде ученикот има постојано место на живеење; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен
превоз.
