Мултиетничко празнување на Бадник во ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“

Мултиетничкото празнување на големиот христијански празник Бадник годинава беше во организација на државното средно училиште „Киро Бурназ“. Станува збор традиционално заедничко чествување на верските празници на учениците од различна етничка припадност, со цел да ги споделат своите обичаи, култури и традиции, и да празнуваат заедно во духот на почит и меѓусебно разбирање.

„Убавиноста е во различноста. Со запознавање на обичаите и традицијата да го поставиме темелот на мостовите на пријателство, соработка и взаемно почитување. …. Среќен празник на сите кои денес празнувате, а сите останати ве повикувам да ни се придружите во чествувањето и во радост, духовен мир и благосостоба да го прославиме“, рече директорката на училиштето „Киро Бурназ “, Весна Трајковска.

„Бадник е време кога се потенцираат вредностите на мир, љубов и хармонија. Нашето мултиетничко дружење ја отсликува оваа порака на младите луѓе кои потекнуваат од различни верски и етнички позадини, а кои заедно празнуваат и ги споделуваат најубавите аспекти на своите култури”, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека настанот е дел од проектот „Безбедни училишта“, кој по 13-ти пат успешно се реализира од страна на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово, во соработка со локалните училишта.

Коментари

коментар(и)