Два документарни филма на Националната установа Музеј Куманово се наградени на 33-то издание на фестивалот „Камера 300“ во Битола.
Филмот „Макраме“ на Надица Петковиќ кустос советник етнолог ја освои престижната награда УНИКА – за уметнички пристап и автентично претставување на традицијата.
Филмот е финансиран од Општина Куманово.
Филмот „Три манастирски цркви во Кумановско“ на Валентина Андреиќ кустос советник историчар на уметност е добитник на високото признание – ЗЛАТНА КАМЕРА 300!
Филмот е реализиран со поддршка од Министерството за култура и туризам и е дел од годишна програма на Национална установа Музеј Куманово.
