Намален криминалитетот во 2016 година

За 15,6% е намален криминалитетот во текот на изминатата година на подрачјето на Општина Куманово според извештајот кој денес командирот на Полициската станица од Општа надлежност Игор Митевски го презентираше пред Советот на општината.

Благо покачување се бележи кај регистрирани сообрачајни несреќи и тоа од 0,7% споредбено со 2015 година.

Што се однесува до јавниот ред и мир бележиме зголемување од 4,8% на ниво на 2016 година. Од областа на криминалитетот имаме регистрирани вкупно 1.246 кривични дела во 2016, додека во 2015 година имаме 1,477 кривични дела што значи намалувањ еод 15,6%. Вкупниот број на реализирани отркиени кривични дела е 812 или 65,2% што останува на исто ниво како во 2015 година. Поднесени се вкупно 731 кривична пријава против 1.034 сторители од кои 30 сторители биле малолетници – рече Митевски.

Според извештајот на полицијата, во текот на измиантата година најзастапени биле делата од областа на класичниот криминалитет каде се регистрирани 1.070 дела, а поднеснеи 609 кривични пријави против 805 сторители.

Во класичниот криминалитет најзастепни се имотните деликти или од вкупниот број  1.070 кривични дела 635 кривични дела се од областа на имотните деликти. Економскиот кирминалитет исто така има откриено 115 кривични дела што значи намалување од 1,7%.  Најзастапени од областа на економскиот криминалитет се злоупотреба на службената положба и овластувања, фалсификување на службена исправа, несовесно работење во службата. Од областа на недозволена трговија бележиме намалување од 20,3% во однос на минатата година или откриени се вкупно 47 дела, во 2015 имало 59 дела.

14 кривични пријави биле регистрирани во областа на организираниот криминал каде се бележи намалување за 1,3 пати, додека пак зголемување се бележи ов однос на јавниот ред и мир по чиј основ изминатата година биле поднесени 498 прекршоци.

За потреба на Основен суд Куманово и Комисијата за прекршоци при СВР Куманово поднесени биле 490 барања за поведување на прекршочни постапки против 651 прекршител.

Исо така кумановската полиција во текот на изминатата година бележи и значителни активности во областа на превенцијата при што беа спроведени неколку успешни проекти во соработка со средношколците од градот.

Коментари

коментар(и)