Десет невработени кумановки на возраст од 30 до 35 години, завршија обука за фризерски занает, во рамки на проектот „Занаетот-моја сигурна иднина“ кој што го спроведува здружението „Мајка“, во партнерство со организацијата на жени Сирма и Коло на српските сестри. Проектот е поддржан од програмата за локален економски развој на Општина Куманово. Целта е намалување на невработеноста.
-Се работи за десет жени, завршија обука за фризерски занает и дополенително е набавена и почетна опрема за отпочнување со работа во делот на самовработување. Добија комплети и ќе може да вршат ваков тип на услуги. Општината го финансираше овој проект со 200.000 денари, се надеваме дека ќе отпочнат мал семеен бизнис во рамки на нивните стекнати знаења и активности да даваат услуги на нашите сограѓани-истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
-Се навраќаме на кажаното Занаетот вреди злато, затоа сакавме овие жени што се невработени, или останале без работа како последица на пандемијата од ковид 19, да обезбедат потоа сопствен бизнис, или пак да се вработат во некое фризерско студио, бидејќи добиваат сертификат, кој што е верификуван од центарот за образование на возрасни. Соодветен како да завршиле фризерско училиште-истакна Лидија Илијевска, здружение „Мајка“.
На завршниот настан невработените добија сертификати за успешно завршена обука.
