Неколку интервенции на пожарникарите во текот на вчерашниот ден

Територијалната противпожарна единица Куманов во текот на изминатото деноноќие евидентира три интервенции, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Според билтенот на РЦУК, вчера на улицата „ Димитрије Туцовиќ“ пожарникарите имале техничка интервенција за отворање на стан.

Во селото Доброшане пожарникарите гаснеле запалени гуми и опожарена сува трева, а во кратовското село Страцин интервенирале при сообраќајна незгода, односно извлекле од возило, кое претходно излетало од патот три повредени лица кои што со амбулантно возио на Итната медицинска помош биле пренесени во кумановската болница. Увид извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Куманово, а причините за сообраќајната незгода допрва ќе се утврдуваат.