Неколку улици во градот привремено се без вода поради дефекти

Неколку улици во Куманово денеска ќе бидат привремено без вода поради дефекти на водоводната мрежа.

Според Регионалниот центар за управување со кризи, без вода привремено ќе бидат улиците „Индустриска“, „Тоде Мендол“ бр.49, „Никола Тесла“ бр. 143 и околни објекти,  т.н. Романовски пат, улицата „11 Ноември“ и улицата „2“ во населбата Јане Сандански.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите, информираат од РЦУК.