20.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Република Хрватска пристигнаа утрово во Македонија. Вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата.
Ова е втора донација на вакцини „Астра Зенека“, од страна на хрватската Влада.
На почетокот од месец јули донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.
