Нови осум случаи на ковид во Куманово, во земјава – 320

Министерството за здравство регистрира 320 нови случаи на ковид-19 во државата во изминатото деноноќие, од нив осум нови случаи во Куманово.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се и 8 починати лица, меѓу кои нема кумановец. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнителни 7 лица, починати во период од 14-19.12.2021 година, меѓу нив едно лице од Куманово.

Бројката на активни случаи во земјава изнесува 5.273, во Куманово 127.