Нови 12 случаи на ковид-19 во Куманово, бројот на активни изнесува 413

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.549 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на КОВИД-19, од кои 12 во Куманово.
Регистрирани сe 309 оздравени пациенти, од нив 26 од Куманово.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица. Досега во земјата се направени вкупно 1.386.978 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.705, бројот на оздравени пациенти е 188.849, на починати е 7.145, а бројот на активни случаи изнесува 6.711.

Во Куманово бројот на активни случаи изнесува 413.