Јавно и политичко учество на жените Ромки е проектот кој што беше промовиран денеска од партнерските организации ДАЈА од Куманово и КХАМ од Делчево. Претседателката на Даја, Дилбера Камберовска вели дека и покрај тоа што повеќе години невладината организација работела на кампања за политичко јакнење на жената ромка и за нејзино поголемо учество, сепак жената Ромка не е доволно вклучена во политиката.
-Има одреден процент но не е доволен , има жени што се вклучени во политиката , но тоа е многу мал процент и за тоа продолжуваме со оваа работа , покрај тоа што сакаме да бидат вклучени жените ромки во политиката ние исто така се залагаме да бидат вклучени во институциите , на повисоки работни места и позиции, изјави Дилбера Камберовска, од ДАЈА ,Куманово
Во проектот ќе бидат опфатени општините во кои што има најголем процент ромско население, меѓу нив Куманово, Делчево, Гостивар и Штип. Главната активност во проектот ќе биде истражување кое што ќе го врши посебна проектантска односно истражувачка куќа, а треба да биде завршено до крајот на летово, велат надлежните, изјави Зекир Абдулов од КХАМ ,Делчево
Проектот ќе трае две години а е финансиран од Европската унија.
