-Се наоѓаме на средина од предизборната кампања за претстојните локални избори кои ќе се оддржат на 17 – ти октомври. Овие локални избори не се историски, но можат да имаат историски последици, бидејќи одлучуваме во каков град сакаме да живееме за 4 години. Затоа, на овие локални избори, со закружување на бројот 12 не гласаме само за Оливер Илиевски и за Атина Мургашанска, туку гласаме: за 80 км нови и реконструирани улици и патишта и за град без кал;
за повеќе од 20 км пешачки и велосипедски патеки;
за целосно уредување на речните корита на Кумановка, Којнарка и Липковка;
за три нови катни гаражи;
за реконструкцијата на водоводната и канализационата мрежа;
за целосно завршување на проектот за гасификација;
за Две нови детски градинки;
за реконструкција на 11 основни и средни училишта;
за нови спортски игралишта;
за „Кумановско културно лето“;
за чисто и зелено Куманово;
за модерно, европско и просперитетно Куманово, рече Фросина Стевановиќ, кандидат за советник во Советот на општината
