Обуки преку центарот за вработување

-Во тек е и реализација на Програмата 3- Обуки. Станува збор за обуки на работно место за познат работодавач. Во моментов тече обука на три лица, значи во конкретни услови кај конкретен работодавач, од кои две лица се млади до 29 години.

Мерка за која што во моментов исто трае огласот, јавниот повик  за учество е обука за стручни квалификации според барања за работодавачите. Преку оваа мерка им се овозможува на работодавачите да можат да си креираат сопствен кадар според нивните потреби онака каков кадар каков што им е потребен за успешно одвивање на нивното работење. Оваа мерка се одвива со поддршка на УНДП. На терен ги посетуваме работодавачите и ги информираме за бенефитите на оваа мерка и се надеваме дека и оваа мерка ќе даде резултати.

Во моментов се и обуки за побарувани занимања и занаети. Во центарот за вработување во моментот се спроведуваат обуки за занаети, пекари, слаткари и автомеханичари. Во овие обуки се вклучени 33 лица од кои 18 лица се млади лица до  29 годишна возраст.

Во тек е и обука за побарувани занимања на ниво на Центарот за вработување Куманово согласно анализата на потребите на пазарот на труд е обука за лични асистенти на лица со попреченост, како и обука за службеник во книговодство. Во обука за лични асистенти на лица со попреченост се вклучени 9 лица, а досега во обука за службеник  во книговодство – 23 лица.

Преку овие обуки на невработените лица им се овозможува да се стекнат со практични знаења и вештини за да го зголемат степенот на својата вработливост односно степенот на конкурентност и да дојдат до посакуваното работно место, изјави Марија Димитријевска, раководител на Центар за вработување Куманово.

Коментари

коментар(и)