Министерството за одбрана објави оглас за прием на нови 100 професионални војници. За служба во Армијата на Република Северна Македонија за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 4 години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст по избор согласно закон.
На огласот, кој трае до 3-ти јуни, можат да конкурират лицата со минимум завршено средно образование; кои не се постари од 25 години.