Одбележана Неделата на европска мобилност

Со трка на Атлетската патека во Соколана, седумдесетина ученици од СОУ „Наце Буѓони“ денеска ја одбележаа Неделата на европската мобилност.

Како што велат надлежните од Општина Куманово целта е да ги мотивираат младите да се движат што почесто и да се промовира здравиот живот.

Со ова сакаме да дадеме апел до граѓаните што почесто да се движат, што помалку да ги користат автомобилите, онаму каде тоа е неопходно е во ред, но каде нема доволно потреба тогаш да се движиме едноставно, не само што ќе го намалиме загадувањето во оштината и воопшто, туку тоа е добро и за здравјето.

Младите кои учествуваа во манифестацијата велат дека често спортуваат и се свесни за бенефитите врз здравјето и животната средина.

Пет години спортувам фубал, тоа е добро за здравјето. Секој ден треба да се спортува, ќе им кажам на другите дека тоа е добро и здраво за да побрзо пораснат – вели еден од учесниците во трката.

Неделата на мобилност на Европската унија се одбележува трета година по ред во Општина Куманово, во организација на самата локална самоуправа.

Изминатите манифестации се одржаа со велосипедски трки на булеварот „Октомвриска револуција“, а годинава за манифестацијата надлежните се одлучиле да организираат трка на средношколците.

Европската недела на мобилност се одржува под мотото „Споделувањето те движи напред“.

Коментари

коментар(и)