Во организација на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово заедно со Општински совет за превенција на детско престапништво, денеска на градскиот плоштад во Куманово се одбележа 20-ти ноември, Меѓународниот ден на детето. Ученици од основни училишта им поделија честитки на случајните минувачи, кои содржат безбедносни пораки.

-Ние во изминатите години тоа го правиме со различни настани и активности. Оваа година го одбележуваме заедно со ученици од основни училишта кои претходно изготвија безбедносни пораки напишани на парче хартија, кои во форма на честитка ќе им го подарат на граѓаните, а воедно и еден анкетен прашалник имаме направено на три прашања од кој сакаме да видиме колку граѓаните знаат за закон за правда за деца, што ќе предложат како идеа и што сметаат кој е најважен чинител за поголема заштита и безбедност на деца, дали се тоа институциите, родителите, семејството или некој друг. Воедно ќе има и цртање и пишување на пораки кои ќе се достават до инситуциите-нагласи Виолета Богдановска, началничка Отсек за превенција во СВР Куманово.
Општински совет за превенција на детско престапништво Куманово е формиран во 2019 година со одлука на Совет на општина Куманово и, како што појаснува Богдановска, активно учествува во имплементирање и реализирање на превентивни кампањи и активности кои ќе ја разбудат свеста кај сите за поголема грижа и безбедност на децата.
Инаку Меѓународниот ден на детето произлегува од Конвенцијата за правата на децата од 1959 година и Декларацијата на правата на децата од 1989 година.
