Одбележување на Недела на борба против ХИВ/СИДА

Согласно календарот на традиционални активности на Црвениот крст на РСМ, во периодот од 01-07 декември се одбележува Неделата на борба против ХИВ/СИДА под мотото „ Знаењето е најдобра превенција од ХИВ инфекција”. Во просториите на општинската организација Куманово беше организирана работилница која беше проследена од 15 учесници- волонтери од клубот на млади. Врсничкиот едукатор Никол Ѓорѓевска презентираше за тоа што претставува ХИВ, а што СИДА, начин на пренос, заштита, тестирање и клучни факти за ХИВ во светски рамки како и во РС Македонија, информираат од Црвен крст Куманово.