Одбележување на „Недела на грижа на старите лица“

Општинската организација на Црвениот крст согласно Календарот на традиционалните активности од 15 до 21 ноември ја одбележуваше Неделата на грижа на старите лица, под мото ,,Сите сме нивни деца”.

Во рамки на Неделата општинската организација Куманово организираше активности за постарите граѓани со цел да се подигне јавната свест на населението за правата на овие лица, и нивната потреба за грижа и помош. По тој повод Црвениот крст со своите волонтери се вклучи во одбележување на неделата на грижа на старите лица преку посета на Здружение на пензионери од Куманово. При посетата волонтерите со претставниците од стручната служба и ангажиран доктор извршија мерење на шеќер во крвта и крвниот притисок на вкупно 40 лица. Исто така во Здружение на пензионери со старите лица се одржа информативна работилница за нивно запознавање со правата од социјална и здравствена заштита со цел подобрување на нивниот квалитет на живеење и здраво стареење.

Во текот на Неделата волонтерите беа во посета во Дом за стари лица,, Зафир Сајто’’ Куманово каде им беа поделени совети и флаери за препорака за здрава исхрана.