Од денеска од 17 часот граѓаните ќе можат да подигнат бесплатни билети за кошаркарскиот натпревар помеѓу сениорските репрезентации на Македонија и Романија, што ќе се одржи утревечер со почеток во 20 часот во спортската сала во Куманово, во организација на КФСМ, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот Максим Димитриевски, одржана по повод свеченото отворање на реконструираниот спортски објект.
Подигањето на билетите ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“, при што едно лице може да подигне еден билет на билетарата на западен влез во спортската сала со лична карта, потенцираше Димитриевски.
Бројот на билетите е ограничен.
