Од денеска за влез во објекти само со сертификат за две дози вакцина

Министерството за здравство соопшти дека од денеска, за влез во објекти, потребно е:

-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 или

– сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни.

„Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани , што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот“, стои во соопштението.

Одлуката на Владата беше донесена на 26 октомври.