Пожар избувнал вчера во семејна куќа во населбата Ајдучка чешма, предизвикан од неисправна електрична греалка.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот бил со мал интензитет и сопственикот успеал самиот да го изгасне додека пристигнала противпожарната екипа.
Пожарникарите извршиле контрола на опожарениот дел од објектот и констатирале дека пожарот е ликвидиран.
Причинета е материјална штета.
