Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цените на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат.
Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 денари за литар. Од полноќ за 2,50 денари поскапува и дизелот.
Поскапување за 2,50 денари ќе има и кај Екстра лесното масло за домаќинство.
Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 1,630 денари за килограм.
