Во рамките на акцијата за озеленување на градот, околу 760 стебла деновиве се засадени во градскиот парк, во близина на автобуската станица.
Акцијата, која е дел од напорите за заштита на животната средина и создавање на почист воздух за сите граѓани на Куманово ќе продолжи на 20 декември, на три локации во градот, информираат надлежните од општина Куманово.