ОИК Куманово: Гласањето тече нормално, инциденти засега нема

Поголеми проблеми немаме, тековно се одвива гласањето во најдобар ред засега, информираше претседателката на Општинската изборна комисија во Куманово, Бранкица Димковиќ.

Таа нагласи дека сите избирачки места утринава била навреме отворени, и не е забележан никаков застој.

Терминалите исто така нормално функционираат.