Куќа ноќва била опожарена во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
На интервенцијата која се случила во близина на ресторан Корнер по 23 часа учествувале петмина пожарникари.
Две интервенции бележат и пожарникарите од Старо Нагоричане.
Во период од 12:00 до 13:00 часот двајца пожарникари интервенирале на запалено стрниште и сува трева во атарот на селото Драгоманце.
Втората интервенција била во селото Канарево, каде во период од 13:00 до 15:00 часот двајца пожарникари гаснеле запалена слама.
