Во Секторот за внатрешни работи вчера изутрина било пријавено дека настанал пожар во напуштена куќа на улицата „11 Ноември“ во Куманово. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, соопштија надлежните.
