Опожарена сува трева во Доброшане

Екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интревенирала на опожарена сува трева на улицата „Белановска“ во населбата Доброшане.

Причината за пожарот не е позната, се наведува во денешниот дневен билтен на Регионалниот центар за управување со кризи.