Опожарени електрични столбови во село Бељаковце

Пожарникарите од Куманово во текот на вчерашниот ден повторно интервенирале во селото Бељаковце. Во периодот од 14.30 до 21.40 часот гаснеле опожарени електрични столбови и една напуштена куќа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Запалена сува трева екипи на Територијалната противпожарна единица вчера гаснеле во Бедиње и во село Умин Дол.

Според информациите од РЦУК, и пожарникарите од општина Старо Нагоричане вчера од 14.00 до 16.00 чсот гаснеле опожарен стар помошен објект во селото Димонце, а во село Сув Орах интервенирале на запалено суво дрво.