,„Ауди“ кое било паркирано во дворно место, викендов било опожарено на улицата „Бајрам Шабани“ во Куманово. Полицијата соопшти дека возилото било со кумановски регистарски таблички и дека нема повредени. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.