Дваесет проекти во висина од околу 400 000 000 денари се одобрени на oпштина Куманово со вториот владин повик за финансирање на инфраструктурни проекти во локалните самоуправи, финансиран со парите од унгарскиот кредит, од вкупно аплицираните 26.
Според надлежните од секторот за комунални дејности, во 2025 година се планира да бидат потрошени 90 милиони денари, а останатите средства следната година.
„За останатите шест проекти кои ги изработува ЈП „Куманово-план“ се уште немаме одобренија за градба, не е докомплетирана документацијата“, кажа Лидија Ланг – Спасовска, раководител на сектор за комунални дејности, на седницата која е во тек.
Станува збор за проектите:
-изградба на градинка во Зелен рид
-реконструкција на градска капела
-реконструкција на дел од домот за стари лица „Зафир Сајто“
-реконструкција на ООУ „Кочо Рацин“
-реконструкција на основното училиште „Вера Которка“
-реконструкција на мост во село Довезенце.
За општина Куманово согласно на бројот на жители од страна на Владата обезбедени се 815 000 000 денари.
