Општинската организација на Црвениот крст Куманово в среда во градскиот парк во близина на автобуската станица ќе го организира 34-от Општински натпревар по прва помош. На натпреварот која ќе започне во 10 часот ќе учествуваат 14 екипи поделени во две категории: младина и подмладок. Овогодишната тема на натпреварот ќе биде: ,,Прва помош во училишна средина”
„Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа…Во таквите ситуации правилното укажување прва помош навистина може да значи живот или смрт, бидејќи без ваквата помош дури и малите повреди може да станат сериозни и фатални. Затоа, за да се обезбеди сигурноста на вработените и на учениците во училиштата, важно е едукацијата за правилно укажување прва помош да биде задолжителна во секое училиште“, велат од Црвен крст Куманово.
