Основното училиште „Вук Караџиќ“ одбележува 78 години од постоењето

Основното училиште „Вук Караџиќ“ вчера одбележа 78-години од постоењето на училиштето и 236 години од раѓањето на Вук Караџиќ. Патрониот празник беше прославен под мотото „Со хумор и песна, учењето е лесно”, а учениците под менторство на своите наставници подготвија свечена приредба со повеќе музички, рецитаторски и фолклорни точки.

„Куманово е град на шегата, на смеењето, на хуморот…Кумановците се надалеку познати по добро расположение, дружење и позитивен дух. Хуморот во комбинација со песна и игра е нешто што го носи во себе секој вистински кумановец. А кога тоа ќе дојде од учениците, тогаш немаме сомнеж дека тоа е нешто искрено, весело и исконско. Голема благодарност до наставничкиот колектив, вработените и учениците што со многу труд и љубов ги подготвија денешните активности. Посакувам уште многу години да славиме вакви јубилеи, а училиштето да го задржи реномето на едно од најдобрите училишта во општина Куманово – изјави директорот на основното училиште „Вук Карџиќ“,  Ивица Ѓорѓиевски по повод патрониот празник.

Коментари

коментар(и)