Отворена излобата „Парчиња од душата“

Под насловот „Парчиња од душата“ вчеравечер во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ беше отворена изложба на графики и колажи од авторката Верче Николоска.

Вкупно 25 дела изработени во различни техники во изминатите години се дел од изложбата на графики кои се апстракции со геометеризиран стилски израз, а во колажите е пристугна и фигурација со висок степен на стилизираност и асоцијативност.

Ќе ви се претставам со моите дела кои се работени во графика, тоа е дрворез, колаж имам и имам изработено дела на рачно изработена хартија, тоа е едукација од професорот Симон Шемов.  Ќе се претставам вечерва со 25 дела, инспирацијата излегува од внатрешноста на душата и тоа е насловот на изложбата, „Парчиња од душата“, секогаш сум трагала по убавото и сакам да се докажам со убави дела. Има заинтересираност и позитивни мислења па сега секој има право да одлучи дали е позитивна или негативна критиката – изјави Николоска.

Ленче Николоска е по потекло од Прилеп, учесник е на повеќе ликовни работилници и симпозиуми за уметност, ликовни колонии низ целата држава, а својата прва самостојна изложба ја имала во 1999 година.

Ова е прва изложба на Николоска пред кумановската публика која за граѓаните ќе биде достапна до крајот на месецов, а во наредниот период авторката најави дека изложбата ќе имаат можност да ја видат и граѓани од другите градови низ државата.

Коментари

коментар(и)