Во Уметничката галерија на НУ Музеј – Куманово вчеравечер беше отворено 69-то издание на изложбата на уметнички дела „Кумановски ликовни уметници 2025”, на која учествуваат 23 автори од Куманово. Изложбената поставка е составена од дела во различни ликовни дисциплини на сликарство, графика и скулптура, изработени во повеќе ликовни техники (масло, акрил и комбинирана техника на платно), како и други форми на ликовниот израз: инсталации и видео арт.
Настанот е реализиран под покровителство на градоначалникот и Советот на општината, со поддршка на на Министерството за култура и туризам. За љубителите на уметноста, изложбата ќе биде отворена до 20 ноември, годинава.
Отворена изложбата „Кумановски ликовни уметници 2025“
