Оружје од Османлискиот период до крајот на Втората светска војна е насловот на изложбата на кустос, историчар во кумановскиот музеј Марија Живачки, која синоќа беше отворена во Уметничката галерија. Кумановци имаа можност да разгледаат околу 50 парчиња ладно и огнено оружје. Авторката истакна дека се одлучила за оваа изложба затоа што оружјето било постојан придружник на македонскиот народ во борба за слободата.
-На изложбата има претставено ладно оружје, јатагани, белопасец црнопасец кои се богато изгравирани, има сабја која претставува еден од поретки, пушки на кремен, каранфилка, тие се од 17 ти век, имаме пушка од илинденски период, знаме од 1903 година кое било пропратно на востанието кое било дигнато. Балканските војни, Втората светска војна, богати материјали од пушки, пиштоли, митралези, револвери, противтенковска пушка, има што да се види има-наведе таа.
За оваа пригода се земени и предмети од османлискиот период од збирката на Музејот на Македонија. Кустос, советник Даниела Николова истакна дека посетителите имаат можност да видат предмети кои се раскошно изработени од врвни мајстори од македонските работилници.
-Оваа изложба е од особено значење затоа што после долго време музејот на Куманово како единствена музејска институција во државата во овој момент презентира музејски материјал којшто е оружјето презентирано од почетокот на османлиските владеења па се до крајот на втората светска војна…. Оружјето не треба да се разбере само дека се употребува за воени цели, туку тоа има статусен симбол и е од особено значење за идентитетот на секој народ, така и на македонскиот народ-наведе таа.
Директорот на Воениот музеј на Македонија, Александар Стојчев нагласи дека оваа тема е тесно поврзана со воената историја на Република Македонија.
-Оружје кое е како етно елемент важно за материјална култура на македонија го пренесува пред јавноста како неразделен дел од воена историја на Македонија и на овие простори во Куманово и кумановско кои со векови наназад се стратегиска точка многу важна во сите поголеми воено историски настани кои се случувале во македонија па и пошироко-нагласи тој.
Изложбата која е подржана и финансирана од Министерството за култура, ќе биде отворена од 8-ноември.