Отворена првата сувенирница во Куманово

Во Куманово денеска е отворена првата сувенирница во просториите на Регионалната занаетчиска комора. Сувенирницата свечено ја отворија градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески и претседателот на Занаетчиска комора, Агрон Фазлији.

Претходно, во просториите на Занаетчиски дом, претставници на десет стари занаети добија субвенција во износ од 15.000 денари за поддршка и развој на нивните дејности.

Претседателот на Регионалната занаетчиска комора, воедно и претседател на Занаетчиска комора на Македонија, Агрон Фазлији смета дека старите занаети заслужуваат и поголема финансиска поддршка.

„Со отворањето на првата сувенцирница во градот ќе се заштити традицијата и културата“, меѓу останатото, кажа Димитриевски.

-Општина Куманово ги поддржувала и ќе продолжи да ги поддржува занаетчиите, можеби помошта е мала, но многу значајна. Со отворањето на првата сувенирница во градот ќе се заштити традицијата и културата, но и граѓаните на Општина Куманово и сите гости во Куманово ќе имаат каде да купат автентичен производ и сувенир. Ние како локална самоуправа планираме да отвориме и дискусија во рамки на ЗЕЛС каде што би поразговарале во делот на измени на законските нормативи во државата каде би можеле да дадеме поголемо значење на занаетчиите генерално во нашата држава бидејќи сметам дека тие се основната нишка и развој на стопанството во државата, изјави Максим димитриевски, градоначалник на Општина Куманово

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески потенцираше дека ќе продолжат со поддршка на вакви мали бизниси, кои многу значат за градовите и општините во државата, но и за развојот на туризмот.

-Ова е одличен пример и другите градови по примерот на Куманово да постапат со отворање на едни вакви сувенирници кои многу ќе значат, не само за промоција на традицијата, на старите занаети, поддршка на овие бизниси, кои што многу ќе значат за градовите и општините, меѓутоа и за развој на туризмот, изјави Марјан Ристески, зам.министер за економија и труд. Оваа година имаме издвоено 6 и пол милиони денари за помош на занаетите и занаетчиите во Македонија и поддршка од 130 илјади евра на занаетчиските комори, на разни невладини организации, се она што е поврзано со промоција на занаетите, малите и средни претпријатија. Оваа поддршка ќе продолжи и понатаму, имаме многу дефицитарни кадри, во соработка иа со МОН да продуцираме и едуцираме што повеќе од овие дефицитарни кадри за да можеме не само да опстојат занаетите, туку се и еден од важните фактори за развојот на економијата на Македонија, изјави заменик министерот Марјан Ристески.

Во организација на Регионалната занаетчиска комора и Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија, во просториите на Занаетчиски дом беше организиран и Саем на мали стопанства.

Коментари

коментар(и)